IMG_0129

ПЕТКОВСКИ ЈА ПОДИГНАА САЕМСКАТА НАГРАДА-ОПРЕМУВАЊЕ НА НОВИОТ ДОМ ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Маргарита, Николче и Сара Петковски, среќните купувачи на стан на 5-тиот саем на недвижности, го подигнаа ваучерот од Адора инженеринг со вредната  награда-опремување на новиот дом купен со саемската промоција. Во пријатен амбиент, со менаџментот на компанијата, среќното семејство од Битола ја сподели радоста, што купувањето на новиот докажано сигурен, енергетски ефикасен, висококвалитетен дом во објектот „Аеродром-Градинка“ во општина Аеродром, Скопје им донесе и награда-комплетно опремување на станот по нивна желба.

„Ова ми е прва награда што ја добивам во животот, која воопшто не ја очекувавме, многу не изненади, израдува и усреќи. Станот од Адора инженеринг во новиот објект „Аеродром-Градинка“ го избравме уверени дека купуваме дом од проверен и докажан градежен бренд, потврдено со тест вештачки земјотрес, енергетски пасош А-класа и квалитет по европски стандарди, што нам како идни станари ни гарантира заштеда на енергија за греење и ладење и други долгорочни придобивки. Наградата за комплетно опремување на домот е уште една потврда за професионалниот и коректен однос на Адора инженеринг кон своите купувачи, за што добриот глас надалеку се слуша, а и ние сигурно ќе ја препорачаме оваа компанија на нашите пријатели кои сакаат да купат нов дом“.-порача Николче Петковски, добитник на саемската награда.

„Со наградите со кои постојано ги изненадуваме нашите купувачи, сакаме да им се заблагодариме за подарената доверба и лојалноста и да им возвратиме со почит и внимание што избрале стан токму од нашиот градежен бренд, кој им гарантира трајна вредност, квалитет, сигурност и долгорочни заштеди во новиот дом. На среќното семејство Петковски им честитаме на наградата и им посакуваме новиот дом да им биде исполнет со среќа и благословеност и да им го отвори патот на новите поколенија за успеси во професионалниот развој и животот“.- порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг.

Градежната компанија Адора инженеринг најавува нови изненадувања и вредни награди за своите купувачи и во иднина.

 

IMG_0129

IMG_0136

IMG_0119

IMG_0091

IMG_0133

Архива