Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Национални признанија

16/12/2016

Адора инженеринг доби плакета за особено залагање и придонес во реализација на програмата на Друштвото на градежните конструктори на Македонија и во развојот и афирмацијата на градежното конструкторство, кој по повод 40 годишниот јубилеј ја доделува ДГКМ.

Во присуство на еминентни научници, експерти и компании од сферата на градежништвото, сеизмологијата, архитектурата, во амфитеатарот на Градежниот факултет во Скопје, генералниот директор на Адора инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, денеска ја прими плакетата што му ја додели претседателот на ДГКМ, проф. д-р Мери Цветковска.

Во своето 15 годишното постоење, градежниот бренд Адора инженеринг има добиено четири интернационални и 20 национални признанија. Оваа водечка компанија во високоградбата во Македонија ќе продолжи и натаму да поддржува активности од областа на градежништвото, одржливата архитектура и енергетската ефикасност и да реализира нови иноватитни проекти, преку кои ги доближува придобивките од светските трендови и стандарди за квалитетно домување на македонските граѓани.

viber2

viber-image3

viber-image