f_12042020_0 _f

ПОРАДИ „КОРОНА КРИЗАТА“, ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА И СТРОГАТА ИЗОЛАЦИЈА, СТОПИРАНА Е ИЛУМИНАЦИЈАТА НА АДОРА FLATIRON

Целта на мерката за времено исклучување на надворешното осветлување на објектот Адора Flatiron е солидаризирање со бројните рестрикции во секојдневниот живот на граѓаните, во услови на вонредна состојба, строга изолација, долги полициски часови и глобална пандемија COVID-19. Со тоа ќе се намалат трошоците за заедничкото надворешно осветлување на Адора Flatiron, што ќе придонесе за намалување на сметките за тековното одржување на сопствениците на станови и деловни простории во ова кризно време во репрезентативниот комплекс.
Adora Facility Management им посакува добро здравје на граѓаните и што побрзо завршување на пандемијата на корона вирусот, по што Адора Flatiron, препознатливиот урбан симбол на метрополата, повторно ќе биде илуминиран и во ноќните часови ќе блесне во полн сјај во центарот на Скопје.

#СедиДома #ЗдравјетоЗаедничкаОдговорност #ЌеБидеСеДобро

Архива