Поставена првата плоча на елитниот објект Аеродром-Градинка во општина Аеродром-Скопје

Градежната компанија Адора инженеринг започна со интензивно градење на објектот Аеродром-Градинка, дел од комплексот згради во тој дел на општината, кој ќе вдоми 120 семејства, идни купувачи на квалитетен, стабилен, енергетски ефикасен дом од високата А класа.

Шест дена по темелната плоча, вредната градежна оператива на Адора инженеринг ја постави првата плоча над второто ниво на гаражниот подрумски простор , во која се вградени 70 тони железна арматура и 400 м3 висококвалитетен бетон од Цементарница УСЈЕ, со цврстина на бетон од 30 до 40 МБ.  Новиот станбен објект е проектиран на десет нивоа со модерни паркиралишта на две нивоа,  а становите ќе бидат со површина од 22 до 86 м².

Во комплексот Адора во општина Аеродром, Скопје, досега се изградени и вселени станбено-деловните објекти Парк 1 и Црква 1, а во изградба се објектите Парк 2, Црква 2, Парк 3 и Аеродром-Градинка.

20150705_094432

20150705_112200

20150705_120208

render1Gradinka

 

Архива