ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИЦИ СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ И БОГОЈАВЛЕНИЕ- ВОДИЦИ ПРОСЛАВЕНИ ВО ХРАМОТ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ И ВО ЕВРОПСКИОТ ЕРУСАЛИМ – ОХРИД

Свети Јован Крстител, христијанскиот православен празник во спомен на крстителот на Господ Исус Христос, достоинствено прославен во цркавата посветена на овој светец, на брегот на реката Вардар, до паркот со авион во Ново Лисиче, Аеродром, Скопје. Во присуство на голем број верници, беше отслужена Свети Јовановата божествена литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Поглаварот на МПЦ-ОА, г. г. Стефан. Во православниот храм Свети Јован, донација на ктиторот, бизнисменот проф. д-р Ванчо Чифлиганец, беше одбележана неговата семејна слава и именден Свети Јован, со свештениците, верниците, во кругот на семејството и колегите од Адора инженеринг. Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг и основач на фондацијата што го носи неговото име, порача дека чесноста и желбата за помагање, хуманост и солидарност треба да не обединат за подобар живот. Чифлиганец му искажа благодарност на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан за благословот за здравје, бериќет и среќа, што неговото Блаженство го има дадено за сите изградени објекти и станови на Адора инженеринг изминативе 18 години.
Ден пред Свети Јован, беше одбележан големиот празник посветен на Исусовото кршевање, Богојавление – Водици, во чија чест, најмасовната, величенствена прослава беше во Европскиот Ерусалим Охрид. Илјадници верници и стотици капачи се собраа околу спомен обележјето Фаќач на крст, што во 2014 година на градското пристаниште во најголемиот туристички центар го подари проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кум на Водици 2012 – Охрид. Афтентичниот симбол на фаќачот на чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро, висок три метри, излеан во бронза, на постамент од два метри од релјефен мермер со ранохристијански мотиви и богојавленски сцени, е меѓу најпосетените и наjфотографирани атракции на Охрид за граѓаните и туристите.
Бог се јави! Честити да се, за многу години празниците Водици и Свети Јован!

Архива