Vtor veshtacki zemjotres

ПРВИОТ ВЕШТАЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈУЛИ 2013 ЈА ПОТВРДИ УНИФИЦИРАНАТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА СТАБИЛНА И КВАЛИТЕТНА ГРАДНА НА БРЕНДОТ АДОРА

На 58 годишнината од разорниот земјотрес, кој во 1963 кој го смени ликот на Скопје, одзеде 1070 животи, повеќе од 3000 беа повредени и над 200 илјади граѓани останаа без своите домови, им оддаваме почит и слава на жртвите со желба никогаш да не се повтори ваква катастрофа.
По овој повод се потсетуваме на првиот вештачки земјотрес кој во поновата историја на Балканот и Македонија, по повод 50 годишнината од скопскиот земјотрес, во јули 2013 година на свој станбен објект во Ново Лисиче, Скопје, го организира Адора Инженеринг во соработка со реномираниот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС.
Вештачкиот потрес во 2013-та година од 5,5 степени според Европската макросеизмичка скала, не предизвика никакви оштетувања на објектот и ја потврди врвната цврстина и сеизмичка стабилност со која се одликуваат сите згради на Адора. Настанот пред 58 години предизвика огромен интерес и беше проследен со над 60 медиумски објави. Адора Инженеринг организира уште еден вештачки земјотрес на своја станбена зграда во Општина Аеродром, Скопје во 2014 година, кога уште еднаш научно и практично се докажа високата геомеханичка стабилност и сеизмичка отпорност на објектите изградени од овој лидер во високата градба во Македонија со интернационално реноме, со што се потврди стандрадизираната унифицирана методологија која се применува на сите станбено-деловни објекти изградени од овој градежен бренд.
20 годишната традиција на Адора Бизнис Групацијата продолжува во Србија, на Златибор, каде комплексот „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora” е изграден со геомеханичка стабилност од 100 Mpa, што е околу 30 % поголема сигурност од вообичаните стандарди за градба во златиборскиот регион.
Градежниот бренд Адора е пионер во воведување на многу иновации, најсовремени трендови и најнапредни технологии во високата градба на Балканот, за побезбеден, поквалитетен, поекономичен и поздрав живот на граѓаните кои заслужуваат дом според европските стандарди.
Видео од симулираниот земјотрес на зграда на Адора во јули 2013 беше објавено во многу медиуми во Македонија

Архива