НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПРВИОТ ВЕШТАЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈУЛИ 2013 ЈА ПОТВРДИ УНИФИЦИРАНАТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА СТАБИЛНА И КВАЛИТЕТНА ГРАДНА НА БРЕНДОТ АДОРА

ПРВИОТ ВЕШТАЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈУЛИ 2013 ЈА ПОТВРДИ УНИФИЦИРАНАТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА СТАБИЛНА И КВАЛИТЕТНА ГРАДНА НА БРЕНДОТ АДОРА

На 58 годишнината од разорниот земјотрес, кој во 1963 кој го смени ликот на Скопје, одзеде 1070 животи, повеќе од 3000 беа повредени и над 200 илјади граѓани останаа без своите домови, им оддаваме почит и слава на жртвите со желба никогаш да не се повтори ваква катастрофа. По овој повод се потсетуваме на првиот вештачки земјотрес кој во поновата историја на Балканот и Македонија, по повод 50 годишнината од скопскиот земјотрес, во јули 2013 година на свој станбен објект во Ново Лисиче, Скопје, го организира Адора Инженеринг во соработка со реномираниот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС. Вештачкиот потрес во 2013-та година од 5,5 степени според Европската макросеизмичка скала, не предизвика никакви оштетувања на објектот и ја потврди врвната цврстина и сеизмичка стабилност со која се одликуваат сите згради на Адора. Настанот пред 58 години предизвика огромен интерес и беше проследен со над 60 медиумски објави. Адора Инженеринг организира уште еден вештачки земјотрес на своја станбена зграда во Општина Аеродром, Скопје во 2014 година, кога уште еднаш научно и практично се докажа високата геомеханичка стабилност и сеизмичка отпорност на објектите изградени од овој лидер во високата градба во Македонија со интернационално реноме, со што се потврди стандрадизираната унифицирана методологија која се применува на сите станбено-деловни објекти изградени од овој градежен бренд. 20 годишната традиција на Адора Бизнис Групацијата продолжува во Србија, на Златибор, каде комплексот „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora” е изграден со геомеханичка стабилност од 100 Mpa, што е околу 30 % поголема сигурност од вообичаните стандарди за градба во златиборскиот регион. Градежниот бренд Адора е пионер во воведување на многу иновации, најсовремени трендови и најнапредни технологии во високата градба на Балканот, за побезбеден, поквалитетен, поекономичен и поздрав живот на граѓаните кои заслужуваат дом според европските стандарди. Видео од симулираниот земјотрес на зграда на Адора во јули 2013 беше објавено во многу медиуми во Македонија

Адора

Поврзани вести

ПРЕД 10 ГОДИНИ ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ ЧИЈ КТИТОР Е ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

Пред десет години, на 14 јуни 2014, со голем црковно-народен собир беше осветен и свечено отворен православниот храм „Свети Јован Крстител“ во Општина Аеродром, кај

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ