НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПРЕД 10 ГОДИНИ ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ ЧИЈ КТИТОР Е ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

ПРЕД 10 ГОДИНИ ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ ЧИЈ КТИТОР Е ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

Пред десет години, на 14 јуни 2014, со голем црковно-народен собир беше осветен и свечено отворен православниот храм „Свети Јован Крстител“ во Општина Аеродром, кај мостот Близнак, на реката Вардар во Скопје, чиј ктитор и донатор е проф. д-р Ванчо Чифлиганец, првиот човек на Адора Бизнис Групацијата. Изминатата деценија ова духовно катче прерасна во место каде верниците упатија безброј молитви, под сводовите на храмот се случија голем број венчавки, во крстилницата многу крштевки, како и традиционални, убави православни празнувања.

Црквата беше осветена од страна на поглаварот на МПЦ-ОА, Неговото Блаженство, г.г. Стефан, во сослужение со архиереите и свештенството, во присутво на познати јавни личности и голем број верници. Архиепископот Охридски и Македонски, во знак на благодарност за подигнувањето на храмот, на ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец му додели Орден Свети Климент Охридски од Прв ред, највисокото признание на Македонската Православна Црква. Ктиторот Чифлиганец на Поглаварот г.г. Стефан, му подари позлатен орден и симболично му го предаде клучот од црквата „Свети Јован Крстител“, со што таа е владение на МПЦ-ОА, дар за Македонија, православните верници и македонскиот народ.

Храмот е петкуполна црква со специфична, древна архитектура и богат внатрешен фрескоживопис. Во црковниот комплекс има камбанарија висока 18,5 метри, хортикултурно уреден парк со фонтана и клупи, а во 2018 година беше осветен и придружниот објект, крстилница. Посебен впечаток остава природниот, милениуми стар камен од 15 тони, донесен од рудникот Бучим, со напишани мудри пораки од ктиторот Чифлиганец, меѓу кои се: „Како каменот што тежи на своето место, така и човекот тежи со своите дела“ и „Само делата се вистина, како сведоштво за нашето постоење“.

Во Општина Аеродром Скопје Адора инженеринг има изградено 20 висококвалитетни објекти со 1.500 домови, 80 деловни простории и еден трговски центар, со вкупна површина од 110.000 m², што е значаен дел од вкупно изградените објекти во 22 годишното постоење на овој градежен бренд, кој е присутен и во други бизнис сфери, како финансиите и енергетиката. Подигнувањето на црквата „Свети Јован Крстител“ е дел од општествено одговорната мисија на Адора, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и истоимената фондација, во што досега се вложени повеќе од 5 милиони евра, многу љубов и хуманост.

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ