DSCN0393

ПРОДОЛЖУВА ОДЛИЧНАТА СОРАБОТКА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ СО НЛБ ТУТУНСКА БАНКА И НА НОВИТЕ ГРАДЕЖНИ ПРОЕКТИ

На денешната работна средба на раководни претставници на НЛБ Тутунска банка со менаџментот на Адора инженеринг, договорено е да продолжи досегашната одлична соработка и на новите проекти што ги реализира градежната компанија. Во време кога Адора инженеринг работи на изградба на неколку нови значајни станбено-деловни објекти, продолжувањето на добрата соработка со НЛБ Тутунска банка е во функција на овозможување на најдобри услови за станбено кредитирање на граѓаните и во иднина. Адора инженеринг како водечка градежна компанија во Македонија има добра соработка со сите деловни банки и е секогаш отворена за продлабочување на овие партнерства, со цел да се поедностави и забрза решавањето на станбеното прашање за обезбедување сигурен и квалитетен дом, што е од животна важност за секое семејство и за идните генерации.

DSCN0388

Менаџментот на Адора инженеринг со претставниците на НЛБ Тутунска банка
Менаџментот на Адора инженеринг со претставниците на НЛБ Тутунска банка

Архива