ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ – ДА ГО ПОДДРЖИМЕ ИНФРАСТРУКТУРНИОТ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН

Адора инженеринг инвестира 5 милиони евра во изградба на еден од најсовремените старски домови во општина Илинден, со капацитет за сместување на 180 лица од возрасната популација. Генералниот директор на Адора проф. д-р Ванчо Чифлиганец на Форумот за локален економски развој во организација на Општина Илинден, потенцира дека се решил за овој хуман бизнис на атрактивна еколошка чиста локација токму во срцето на оваа општина. Според него локалната самоуправа заедно со централната власт во последните години е на висина на задачата, одговара и постојано е отворена за потребите на бизнис заедницата, но потенцира дека секој стопанственик треба да се вклучи во помагање на заедницата со директна поддршка.
„Адора инженеринг е подготвена веднаш со други стопански субјекти доброволно да донира, во границите на можностите, во инфраструктурниот развој на општината, конкретно во изградбата на канализацијата, која е од огромно значење и за компаниите и за домаќинствата. Најдобар бизнис е кога успешно работиме и паралелно се помага заедницата. Мислам дека од сите присутни што сме овде на Форумот, можеме да помогнеме, со што ќе придонесеме за водење на успешен бизнис, но важно е да имаме и задоволни граѓани во оваа општина“, истакна Чифлиганец.
На Форумот за локален економски развој во организација на Општина Илинден, бизнисмените кои работат во оваа општина имаа можност да ги слушнат проектите на локалната самоуправа, но и да ги кажат проблемите и потребите кои тие ги имаат за подобро да функционираат.

Архива