Nagrada Cifliganec 3

ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА BEST BRAND 2015

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец е добитник на највисоката награда за животно дело на манифестацијата Best Brand 2015 што синоќа се одржа во Битола. Генералниот директор на градежната компанија Адора инженеринг д-р Чифлиганец, наградата ја доби за успешниот четиридецениски ангажман во општествено-економскиот и политички живот во Македонија, за иновативните чекори за развојот на стопанството и особено градежништово, за бројните активности со хуманитарен предзнак секогаш поткрепени со знаење и искуство, за придонесот што како спортски работник го дал за најблескавите спортски достигнувања во државава.

Лауреатот д-р Чифлиганец по добивањето на наградата истакна дека за него ова високо признание е сатисфакција, но и голема обврска и во иднина да продолжи со посветена работа и нови професионални и животни потфати. „Како мал фантазирав многу. Во животот остварив многу повеќе од што можев да замислам. Затоа млади луѓе, сонувајте и работете на големо. Соништата, работата и успехот одат заедно“-порача добитникот на наградата за животно дело за 2015-та година проф. д-р Ванчо Чифлиганец, по потекло од Радовиш, познат како амбициозен ученик и студент, доктор по геолошки науки, успешен генерален директор на рудникот Бучим една деценија, популарен пратеник во македонскиот парламент во два мандати, предводник на боречкиот клуб Бучим-Јака кој освои европско и светско злато, основач и генерален директор на Адора инженеринг, што за 14 години под мотото „Само делата се вистина“, стана најголем инвеститор во високоградбата во Македонија со над 2.500 израдени висококвалитетни домови, основач на фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец за поддршка на развојот на похумано, поздраво и попросперитетно општество.

Манифестацијата International Best brand, позната како Оскари на најпопуларните, со голем број еминентни личности од бизнис сферата, општествено-културниот и научниот живот, во организација на телевизија Орбис во Битола се одржа по 10-ти јубилеен пат, а минатата година Адора инженеринг беше прогласена за најпопуларна градежна компанија во Македонија.

Nagrada Cifliganec

Nagrada Cifliganec 3

Nagrada Cifliganec 1

Nagrada Cifliganec 2

Архива