Radovis_06.11.20_1

ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ ПО ВТОР ПАТ Е ДОБИТНИК НА 6-ТО НОЕМВРИСКАТА НАГРАДА ОД ОПШТИНА РАДОВИШ, ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ

Проф.д-р Ванчо Чифлиганец, еден од попознатите Македонци од Радовиш, потврден на полето на бизнисот, општествено-политичкиот живот, спортски работник, универзитетски професор, филантроп и хуманист, денес по втор пат ја доби највисоката 6-то Ноемвриска награда на Општина Радовиш. Граѓаните на Радовиш добро го паметат времето кога Чифлиганец беше на чело на рудникот „Бучим“ како генерален директор, десет години во кои Радовиш доживеа ренесанса, рудникот работеше под полна пареа, вработените добиваа и 13 плата, а во градот се асфалтираа и се правеа нови улици, период во кој се изградени Голдмак-Радовиш, првата фабрика за златен накит и дијаманти во земјава, спортско – рекреативниот центар со базен Шампион – Радовиш, рударски здравствени амбуланти, одморалишта, а во спортот, борачите ја освоија европската и светска шампионска титула. Време и успеси за кои Радовишани и ден денес зборуваат и раскажуваат, потсетувајќи се на убавите времиња од деведесетите години на минатиот век. Денес Чифлиганец е познат бизнисмен, сопственик на една од најдобрите градежни компании Адора инженеринг и најголем акционер во Комерцијална банка, голем хуманист, филантор, кој има вложено над 5 милиони евра во поддршка на образованието, здравството, науката, спортот, културата во земјава, од кои значаен дел и во неговото родно Радовиш. Тој во изминатите 19 години активно живее, како да е сеуште во Радовиш, помагајќи им на граѓаните преку голем број добротворни акции.
„Ќе ни треба многу време за да ги наброиме донаторските акции, спонзорства, поддршката што и денеска проф.д-р. Ванчо Чифлиганец несебично им ја дава на голем број граѓани од Радовиш и Радовишко, за обнова на целосно опожарената куќа во село Дедино на семејството Трајкови, донации за голем број спортски клубови во речиси сите спортови, борење, ракомет, баскет, џудо, стрелаштво, алпинисти и на младите спортисти. Особено се значајни донациите во образованието, градинките и училиштата, со опрема, од училишни клупи и столчиња, до смарт табли, компјутери, таблети за реализирање на наставата во услови на пандемија, како што беше една од последните донации во октомври годинава“. Со овие зборови од Советот на Општина Радовиш аргументираа зошто проф.д-р Ванчо Чифлиганец, по втор пат е добитник на 6-то Ноемвриската награда од Општина Радовиш, по повод Денот на ослободувањето на градот. Заблагодарувајќи се за наградата, проф.д-р Ванчо Чифлиганец истакна дека е горд на своите сограѓани и дека енергијата сите овие години ја црпи токму од неговото родно место Раклиш, Радовиш и од сите граѓани од Радовишко. Тој им порача на младите да бидат толерантни и да градат пријателства, а непријателите и оние што се против нив, да ги освојуваат со дела. „Мојот слоган уште од 1994 години е „Само делата се вистина“, а во последните 20 години не застанав со работа и градење добри дела и тој слоган го надградив со „Како каменот што тежи на своето место, така човекот тежи со своите дела“. Оваа реченица е водилка на мојот живот“, истакна Чифлиганец, честитајќи им ја 6-то Ноемвриската награда на сите добитници.

Архива