НОВОСТИ

НОВОСТИ

Ранци со училишен прибор добија сите првачиња во Радовиш под слоганот „Само делата се вистина“ од „Адора инженеринг“

Ранци со училишен прибор добија сите првачиња во Радовиш под слоганот „Само делата се вистина“ од „Адора инженеринг“

Среќен почеток на новата школска година, на 280 првачиња од Радовиш со ранци и комплетен училишен прибор, за да редат големи успеси во учењето и во животот, им посакаа генералниот директор на „Адора инженеринг“, проф.д-р Ванчо Чифлиганец, заменик генералниот директор Душко Чифлиганец и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.

На радоста на првачињата ù немаше крај, а добија и многу поучни пораки.
„Сакани првачиња, не можам да Ви опишам колку пријатно се чувствувам што сум денес со Вас и што барем за еден момент ме вративте 60 години назад, на моите неполни 7 години кога зачекорив во училиште, кога прв пат седнав во школската клупа. Како и Вие денес на Вашите пионерски години, исполнети со радост, со фантазии, кога сонувате што ќе бидете во иднина во Вашиот светол живот.
До пред неколку дена си игравте со Вашите другарчиња во дворовите, на игралиштата, бевте механичари, сигурно сте ги поправале и расклопувале Вашите играчки-автомобили, во Вашите игри бевте инженери и градевте кули од песок, лекари, медицински сестри, учителки, полицајци, а денес сте во школските клупи каде треба да учите, да стекнете знаења за да Ви се остварат Вашите желби.
Од денес училиштето е Вашиот втор дом, наставниците Ваши втори родители, а стекнатото знаење, другарство, човечност, трудољубивост и Вашите оценки ќе бидат Вашите дела со кои ќе се гордеете Вие самите, бидејќи во животот „Само делата се вистина“. Оваа реченица, запишана на Вашите ранци нека Ве потсетува на зборовите на чичко Ванчо за да Ве поттикнува да учите и да бидете нашите идни техничари, инженери, програмери, истражувачи, магистри, доктори, научници, професори и да го работите она што ќе ве прави среќни. Вашата среќа ќе биде причина да бидете успешни, а Вашите родители задоволни и да продолжите да го развивате Радовиш и нашата Македонија да бидат убави места за живеење, со што ќе дадете придонес и во современиот свет.
И на крајот уште еден мој совет, паралелно со учењето, во слободното време бавете се со спорт. Спортот, заедно со учењето ќе Ве направат силни личности, бидејќи спортот и учењето се како брат и сестра, како вода и сонце. Сакани мои првачиња, Ви посакувам многу енергија, здравје, среќа и нека Ви се остварат сите желби во учењето и во животот. Учете и создавајте добри дела за Радовиш, за нашата Македонија!“, се дел од пораките што им ги упати проф. д-р Ванчо Чифлиганец на првачињата во Радовиш.

Смарт табли, лаптопи, компјутери, стипендии за талентирани студенти и надарени спортисти, современи медицински апарати за лабораторијата во Здравствениот дом во Радовиш, помош на поединци, изградба на нова куќа на место на опожарениот дом, годинава ранци и комплетен прибор за сите 280 првачиња во Радовиш, се само дел од низата донации доделени во изминатите 20 години од „Адора инженеринг“ и „Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец“, бидејќи нивниот основач, Чифлиганец смета дека образованието и здравството се клучните столбови за развој на едно општество.

Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов од срце им го честита почетокот на учебната година на првачињата, на кои им посака многу нови другарства и изобилство знаења за да се развијат во чесни и одговорни личности.

Адора

Поврзани вести

АДОРА АПЕЛИРА ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ И ВО ОВА ТЕШКО ВРЕМЕ ЗА БИЗНИС И ЖИВОТ

Адора Бизнис Групацијата, и покрај исклучително тешката 2022 година и големите предизвици со кои се соочува модерното општество на мировен, макро, микро економски и општестен

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја промовира автобиографската книга „Мојот македонски код“ по повод 20 години Адора и други јубилеи

„МОЈОТ МАКЕДОНСКИ КОД – Живеам за да работам – Ако си борец ќе бидеш и творец“, е најновото авторско дело на проф. д-р Ванчо Чифлиганец,

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА КАДЕ АДОРА Е НАЈГОЛЕМ ПОЕДИНЕЧЕН АКЦИОНЕР СО ОДЛИЧЕН ТРИ-КВАРТАЛЕН РЕЗУЛТАТ ВО 2022 И НАЈВИСОК РАНГ ОД МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ НА ТОП 100 НАЈГОЛЕМИ БАНКИ ВО ЈИ ЕВРОПА

Од почетокот на годинава до крајот на септември, Комерцијална банка АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат од 1.850,8 милиони денари (30 милиони евра), што споредено

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР ЗА ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ВО СКОПЈЕ. АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДОБИ ЦВРСТИ ГАРАНЦИИ ДЕКА ЕСМ ЌЕ ГИ КУПИ ТОПЛАНИТЕ ИСТОК И ЗАПАД И ЌЕ ГО ПЛАТИ ДОЛГОТ КОН КОМПАНИЈАТА

Менаџментот на Адора инженеринг доби цврсти гаранции од ЕСМ АД дека во најбрз можен рок, според сите домашни законски прописи ќе почне постапката за купопродажба

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ССК ГИ ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ НИЗ ДИЈАЛОГ СО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ДА ГО РЕШАТ ПРАШАЊЕТО СО ТОПЛАНИТЕ ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО СКОПЈЕ И ДА СЕ ПОКАЖЕ ДЕКА ВЛАДЕЕ ПРАВОТО ВО ДРЖАВАТА

Сојузот на стопански комори на Македонија во соопштение до јавноста ù даде безрезервна поддршка на компанијата Адора инженеринг со апел дека правото на сопственост е

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ