MAE_0580

Рекордна продажба на 20 станови на Адора инженеринг на 5-тиот саем на недвижности, каде Маргарита и Николче Петковски од Битола добија награда-опремување на новиот дом

На 5 меѓународен  саем на недвижности во Скопје, Адора инженеринг оствари рекордна продажба од 20 елитни сигурни енергетски ефикасни станови со вкупна површина од 1.200 м². Николче и Маргарита Петковски од Битола се најсреќните купувачи кои на извлекувањето на затворањето на саемот, ја добија вредната награда-комплетно опремување на новиот дом во објектот Аеродром-Градинка, во новиот комплекс „Адора“ во општина Аеродром, во близина на меѓународната железничка и автобуска станица во Скопје, на 15 минути пеш од строгиот центар во Скопје.

„На саемот на недвижности 2015 во Скопје, штандот на Адора инженеринг го посетија околу 12.000 посетители, што е значително повеќе од минатата година. Граѓаните ги препознаваат придобивките што во домувањето ги нуди потврдениот  градежен бренд Адора инженеринг, во сигурните домови, со геомеханичка и асеизмичка стабилност докажана со тест вештачки земјотрес, со европски  квалитет на градба според најновите светски стандарди и трендови, во еко домовите со енергетски пасош А-класа, кои на станарите долгорочно им штедат енергија за греење и ладење, со модерен дизајн и функционалност, современо опремени, хортикултурно оплеменети и со уредена околина. Висококвалитетното и безбедно домување што го нуди Адора инженеринг го заслужуваат граѓаните на Македонија и компанијата лидер во високоградбата и натаму ќе биде во функција на своите купувачи“. – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг, кој најави дека компанијата во 2015-та година започнува нови инвестициски проекти за изградба на неколку нови станбено-деловни објекти во општина Аеродром и со реализација на капиталниот проект ви стилот на њујоршката архиотектонска икона „Флетајрон“ што ќе се гради на влезот на општина Кисела Вода во централното подрачје на Скопје.

Адора инженеринг им се заблагодарува на сите посетители на штандот на компанијата на саемот на недвижности, а особено за подарената доверба на купувачите на стан од овој градежен бренд и останува отворена за сите граѓани кои сакаат да изберат стан за квалитетно домување за повеќе генерации.

MAE_0545

MAE_0550Image1

MAE_0580

MAE_0599

 

 

 

Архива