НОВОСТИ

НОВОСТИ

Рекордни 150 тони железо и 1500 м3 бетон за темелната плоча на новиот станбен објект на Адора инженеринг, Аеродром- Градинка

Рекордни 150 тони железо и 1500 м3 бетон за темелната плоча на новиот станбен објект на Адора инженеринг, Аеродром- Градинка

Во непосредна близина на објектите Парк 1, 2 и 3 во општина Аеродром и меѓународната железничка и автобуска станица, Адора инженеринг го гради својот нов елитен станбен објект Аеродром Градинка, (до детската градинка Срничка- објект Калинка) дел од станбениот комплекс со пет згради на овој простор. По стручните испитувања на тлото и постигната геомеханичка стабилност, градежната оператива на Адора Инженеринг ја постави темелната плоча, во која се вградени рекордни 150 тони железо и 1500м3 висококвалитетен бетон, што е гаранција за квалитет, цврстина и висока асеизмичка стабилност на објектот.

Новиот станбен објект е проектиран на десет нивоа со модерни паркиралишта на две нивоа,  а идните станови ќе бидат со површина од 22 до 86 м². Овој градежен бренд употребува исклучиво македонски материјали од произведувачите, Цементарница УСЈЕ, Мак-Бет, Македон-бетон и Техно-Павер, гаранција за  100% македонски производ.

Зад високата безбедност и градба на зградата на Адора Инженеринг стои искусен, професионален и стручен тим, предводен од потврдено успешниот генерален менаџер проф. д-р Ванчо Чифлиганец, одговорните во градежниот дел: инженер Стефан Орачески, раководител на објектот, Вангел Ташовски, Радослав Сименонов, Блажо Манаилов, Миле Јовановски, Спасо Иванов, Миле Крстев и Благоја Ѓуров. Одговорни за техничкиот дел и оперативата се: Љупчо Ивановски, Сречко Серафимов, Илија Илиев, Ристе Ефтимов, Јован Миличински, Миодраг Павловски и проектантското биро со архитектите Ванчо Ѓеорѓиевски, овластениот енергетски  контролор  Нина Стрезовска и Ивана Бајкова-Шаља, стручњаци за енергетска ефикасност, архитектите Роберт Старделов, Софија Дуљанова, Билјана Веселинова и Марија Блажевска, врвни мајстори-градители и елитната армирачка група предводена од Шуман Менсур и Шуман Мехрудин.

Овој станбен објект на Адора Инженеринг се гради според најновите стандарди за сигурна, квалитетна и економична градба, со енергетска ефикасност со одлични индикатори, во стил на потврдените еко домови А-класа, препознатливи за овој градежен бренд, со постојано воведување новини и напредни технологии.

20150627_11245620150627_11252120150628_060933 20150628_06103120150628_070232

Заслужен одмор за вредните мајстори и градежни работници
Заслужен одмор за вредните мајстори и градежни работници

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ