Во непосредна близина на објектите Парк 1, 2 и 3 во општина Аеродром и меѓународната железничка и автобуска станица, Адора инженеринг го гради својот нов елитен станбен објект Аеродром Градинка, (до детската градинка Срничка- објект Калинка) дел од станбениот комплекс со пет згради на овој простор. По стручните испитувања на тлото и постигната геомеханичка стабилност, градежната оператива на Адора Инженеринг ја постави темелната плоча, во која се вградени рекордни 150 тони железо и 1500м3 висококвалитетен бетон, што е гаранција за квалитет, цврстина и висока асеизмичка стабилност на објектот.
Новиот станбен објект е проектиран на десет нивоа со модерни паркиралишта на две нивоа, а идните станови ќе бидат со површина од 22 до 86 м². Овој градежен бренд употребува исклучиво македонски материјали од произведувачите, Цементарница УСЈЕ, Мак-Бет, Македон-бетон и Техно-Павер, гаранција за 100% македонски производ.
Зад високата безбедност и градба на зградата на Адора Инженеринг стои искусен, професионален и стручен тим, предводен од потврдено успешниот генерален менаџер проф. д-р Ванчо Чифлиганец, одговорните во градежниот дел: инженер Стефан Орачески, раководител на објектот, Вангел Ташовски, Радослав Сименонов, Блажо Манаилов, Миле Јовановски, Спасо Иванов, Миле Крстев и Благоја Ѓуров. Одговорни за техничкиот дел и оперативата се: Љупчо Ивановски, Сречко Серафимов, Илија Илиев, Ристе Ефтимов, Јован Миличински, Миодраг Павловски и проектантското биро со архитектите Ванчо Ѓеорѓиевски, овластениот енергетски контролор Нина Стрезовска и Ивана Бајкова-Шаља, стручњаци за енергетска ефикасност, архитектите Роберт Старделов, Софија Дуљанова, Билјана Веселинова и Марија Блажевска, врвни мајстори-градители и елитната армирачка група предводена од Шуман Менсур и Шуман Мехрудин.
Овој станбен објект на Адора Инженеринг се гради според најновите стандарди за сигурна, квалитетна и економична градба, со енергетска ефикасност со одлични индикатори, во стил на потврдените еко домови А-класа, препознатливи за овој градежен бренд, со постојано воведување новини и напредни технологии.
