НОВОСТИ

НОВОСТИ

Светскиот, а наш, Гого Славески е новата Адора Атлета

Светскиот, а наш, Гого Славески е новата Адора Атлета

Новиот светски шампион, носител на најпрестижната титула во BKFC, Гого Славески од Македонија, со поддршка на Адора Бизнис Групацијата продолжува кон освојување нови најпрестижни победи во борбите со голи раце во светските рингови.

„Особено сме горди што Гого се приклучи кон тимот на Адора Атлети. Адора и семејството Чифлиганец се големи љубители на спортот, имаме традиција на спортски работници, креатори на атлети и поддржувачи на врвни резултати. Всушност, ние самите имаме огромен натпреварувачки дух, спортот за нас е важен составен дел од животот, и повеќе од сè, не исполнуваат врвни успеси на македонски атлети низ светот. Bare Knucles Fightings борбите без ракавици, во кои нашиот Гого во Мајами, САД, ја освои светската титула во најпрестижната глобална организација, е можеби најсуровата боречка дисциплина во светот, што е ултра предизвик како за телото, така и за умот. Желбата и жртвата што секој натпреварувач мора да ги вложи, навистина се неверојатни. Во секоја борба, натпреварувачите оставаат дел од себеси во рингот, и јас како спортист имам огромна почит и восхит кон овие спортисти. Титулата која ја освои Гого е огромен успех и достигнување не само за него, туку и за Македонија, со што треба да се гордее секој поединец во државата. А најдобриот начин на изразување благодарност за гордоста е препознавањето на овој успех и заедничката поддршка во иднина. Адора преку соработката со Гого ја продолжува корпоративната општествено одговорната традиција, а и во иднина ќе работиме на надградување на оваа екстремно успешна спортска приказна“. – порача Душко Чифлиганец, заменик претседател на Adora Business Group, упатувајќи повик до другите бизнис субјекти и институции во Македонија да се придружат во поддршката на нашиот спортски амбасадор Гого Славески, кој по светскиот триумф блесна со пораката „Радувајте се Македонци, остваривме историја и светски успех. За мојот народ никогаш да не зборуваш во деминутив“!

Линк до IG reels видео за светскиот BKFC шампион Gorjan “Gogo“ Slaveski:

LINK – Adora Business Group (Instagram)

Адора

Поврзани вести

ПРЕД 10 ГОДИНИ ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ ЧИЈ КТИТОР Е ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

Пред десет години, на 14 јуни 2014, со голем црковно-народен собир беше осветен и свечено отворен православниот храм „Свети Јован Крстител“ во Општина Аеродром, кај

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ