Инклузивната група Dancers United од Македонија, со танчери со типичиен и атипичен развој, која на Европското првенство во танц во Полска 2022 минатиот викенд учествуваше со поддршка на Адора Бизнис Групацијата, петта година по ред се закити со златен медал на Светскиот куп во рамките на ова првенство.
Танчерите од скопското студио Dancers United со типичен развој, во Македонија се вратија со куп награди. Златен медал освои групата Latino show во категоријата младинци, сребрени медали освои малата група Latino show во категоријата деца и јуниори. Шампионската титула на танцовото првенство ја понесе најмладaта танчерка, европската првенка Емили Нера Кочан, во категоријата Mini kids Latino show, а сребрени и бронзени медали во категоријата Latino tanci освоија соло девојки и младински парови.
Танчерското студио Dancers United на Европското првенство настапи со 50 кореографии. Повеќе години наназад, овој клуб продуцира танчери и танчерки од врвен ранг, кои како вистински културни амбасадори, на Македонија ù носат голем број медали на националните, европски и светски шампионати.
Брендот Адора и во ова кризно време продолжува со поддршка на младите таленти во спортот, науката, културата и уметноста, во духот на својата 20 годишна хумана, општествено одговорна мисија.


