Promocija-april-lekari111

Со купен и уплатен стан во април, подарок-релаксирачки викенд за хуманите здравствени работници од Адора инженеринг

Подарок, релаксирачки викенд во привлечна спа дестинација добиваат лекарите и здравствените работници кои ќе купат и уплатат стан во Адора инженеринг во месец април. Градежната компанија, лидер во високоградбата во Македонија, на овој начин сака да им возврати на медицинските работници за хуманоста и секојдневната грижа за здравјето на граѓаните, по повод 7-ми април светскиот ден на здравјето. Со пригидните промотивни акции и поволности, Адора инженеринг сака со внимание, изненадувања и награди да им возврати на своите купувачи за подарената доверба и лојалоноста со изборот на докажано сигурен, европски квалитетен и долгорочно економичен дом од оваа најуспешна градежна компанија.

Во овој период во Адора инженеринг најбарани се енергетски ефикасните домови А-класа во новиот комплекс „Адора“ во општина Аеродром, во близина на меѓународната железничка и автобуска станица, на 10-тина минути пеш од централниот плоштад во Скопје и еко становите во атрактивниот објект Билјанини Извори, во близина на плажите, националниот парк Галичица и центарот на древниот и туристички град Охрид.

Promocija april lekari

Комплекс Адора - Општина Аердром - Скопје
Комплекс Адора – Општина Аердром – Скопје
Охрид-Билјанини извори
Охрид-Билјанини извори

 

Архива