IZ4A7947 (2)

СО АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ, КОМПЛЕКСОТ АЕРОДРОМ, АДОРА DIAMOND GARDEN И НАГРАДА БЕСПЛАТНО УНИВЕРЗИТЕТСКО ШКОЛУВАЊЕ ЗА НАЈСРЕЌНИОТ КУПУВАЧ НА СТАН, АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ УЧЕСТВУВА НА САЕМОТ НА НЕДВИЖНОСТИ REALEXPO 2016 ВО СКОПЈЕ

Со уникатен штанд во стилот на новиот маркантен станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, што за рекорден рок од шест месеци го изгради до горна плоча во срцето на Скопје, Адора инженеринг по шести пат се претставува на Меѓународниот саем на недвижности  RealExpo 2016 што денеска е отворен на Скопски саем. Во фокусот на саемското претставување покрај овој нов симбол кој нуди врвно урбано домување и светски бизнис стил во центарот на македонската метропола, на штандот на Адора се комплексот Аеродром, најновиот ултрамодерен објект Адора Diamond Garden, кој во стил на дијамантска градина ќе се гради во Тафталиџе, Скопски Карпош, како и вредната награда бесплатно целосно универзитетско школување на Американ колеџ, што компанијата ја обезбеди за најсреќниот купувач на стан за време на саемот. Посетителите на Саемот на недвижности можат да се запознаат и со другите награди и поволности што Адора постојано ги обезбедува за своите купувачи, како специјалните промотивни цени, подарокот осигурување на домот со купен стан во македонскиот Flatiron од Евроинс осигурување и наградата автомобил Мазда CX-3, за што најсреќниот купувач на стан ќе биде извлечен на отворањето на објектот Адора Flatiron Скопје.

„Адора инженеринг и годинава продолжува со инвестициите во градежништвото-високата градба  што ќе бидат во вредност од 30 до 40 милиони евра, а продолжуваме и со реализација на проектите започнати минатата година, кога инвестициите достигнаа 50 милиони евра, каде комплексот Адора Flatiron Скопје учествуваше со 22 милиони евра или 11 % од вкупните инвестиции во високоградбата во Македонија. Инвестицискиот бум продолжува и годинава, со ангажман на околу 500 вработени, а продажбата во првите два месеци во Адора инженеринг е зголемена за 146 %  во однос на првите два месеци од 2015-та, од што бенефит имаат сите, и купувачите, и инвеститорите и македонската економија во целина. Адора инженеринг постојано ги подигнува стандардите во високоградбата, во што е пионер во сите области со бројни иновации како докажувањето на асеизмичката стабилност, добивањето на првиот енергетски пасош А-класа, иницијативата за сертифицирање на звучната изолација 80 % над македонските стандарди, што потврдува дека домовите на Адора инженеринг можат да се носат со многу европските и светски домови, со што може да се гордее градежниот сектор во Македонија.“-порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора инженеринг.

Саемот на недвижности RealExpo и Саемот на градежништво 2016 со 110 излагачи од Македонија и странство, го отвори вицепремиерот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, кој порача дека градежниот сектор со 12 % остварен пораст минатата година и натаму е главен двигател на македонската економија.

Адора инженеринг ги очекува граѓаните да го посетат штандот на компанијата на Саемот на недвижности, во хала 1 во Метрополис Арената на Скопски саем, до 5-ти март, од 10 до 19 часот.

IZ4A7947 (2) IZ4A8091 (2) IZ4A8351 (2) IZ4A8412 (2) IZ4A8531 (2) IZ4A8434 (2) IZ4A8496 (2) IZ4A8144 (2) IZ4A8125 (2)

Архива