Со освоеното прво место, нашата Адора атлета Антонио Дамјановски по 4-ти пат триумфираше на македонскот шампионат Мотокрос Смолево 2022

Нашиот најмлад и најуспешен мото крос талент, 15 годишниот битолчанец Антонио Дамјановски, по 4-ти пат постигна најдобар пласман, освојувајќи прво место во класата MX2, минатиот викенд на државниот мото крос шампионат Смолево 2022.

Оваа последна највисока титула во мото крос трките е особено значајна за младиот Дамјановски, со оглед на тоа што во публиката на патеката Смолево во близина на неговиот роден град Битола, беа неговото семејство и другарите, кои го бодреа со многубројните фанови и поддржувачи. Со победата на Смолево 2022, продолжуваат успесите на нашата Адора атлета во годинашната сезона одбележана со високи пласмани на европските БМУ шампионати во Турција, БИХ, Србија, Романија, државните шамионати во регионот и освоеното прво место на македонскиот шампионат Лагово 2022 кај Прилеп.

Младиот исклучителен мото крос талент Антонио Дамјановски, кој оваа сезона во MX2 класата со мотор од 250 кубици, се натпреварува со генерално спонзорство на Адора Бизнис Групацијата, е Златна кацига на Македонија, носител на 8 први места на државните шампионати, со над 20 врвни пласмани на европските шампионати на Балканот.

Брендот Адора, препознатлив по 20 годишната поддршка на спортот и грижата за заедницата, верува дека и други компании и општествено одговорни субјекти ќе го препознаат исклучителниот потенцијал на Дамјановски и ќе му помогнат во освојувањето на нови спортски врвови на глобално ниво, што е и афирмација на Македонија во светот.

Архива