flatiron-fasada

СО STO ТРАЈНА ОРГАНСКА ФАСАДА ШТО ДИШЕ-ЗДРАВ ВОЗДУХ ВО ДОМОВИТЕ ВО АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

Со STO, издржливата, органска фасада што дише, од водечкиот европски производител на фасади со најнова технологија, домовите на Адора инженеринг се отпорни на надворешните влијанија. Во време на климатски промени, дождови, ветрови, снегови и други надворешни фактори, фасадата STO, од што е изработен завршниот декоративен малтер на новиот комплекс Адора Flatiron Скопје, гарантира долгогодишна трајност на бојата и обезбедува здрав воздух во домовите. Изработена од органски материјали и фибер влакна, сувата, паропропусна и водонепропусна фасада STO е подготвена да одолее на сите предизвици и со одличната надворешна термоизолација, нуди целосна топлинска заштита на домовите и деловните простории во атрактивниот објект Адора Flatiron во централното подрачје на Скопје. Постојано унапредувајќи го квалитетот на објектите според современите светски стандарди и трендови, Адора инженеринг на купувачите им овозможува еко комфор и заштита на животната средина. Овој потврден градежен бренд со 15 годишна традиција, пионер во воведувањето на иновациите и светските трендови за побезбедно, поквалитетено, поекономично и поздраво домување, има приоритетна цел да гради совесно и одговорно, за станарите, граѓаните и околината.

flatiron-fasada

 

Архива