НОВОСТИ

НОВОСТИ

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЦИЈАТА „ЗЛАТНА ФАЛАНГА“ ВО ПРОБИШТИП

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЦИЈАТА „ЗЛАТНА ФАЛАНГА“ ВО ПРОБИШТИП

По повод 55 години од запишување во Средното рударско-геолошко училиште во Пробиштип, минатиот викенд се одржа средба на генерацијата 1969-1973-2024, со културно забавна програма и емитување на документарен филм, по сценарио на академик Венко Андоновски, во режија и реализација на Никола Кумев.

„Златната фаланга“, генерацијата која од 1969 до денес е „Еден за сите, сите за еден“, ја поздрави градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов, а тие им поделија плакети во знак на благодарност на пробиштипјани и професорите, што ги прифатиле како свои деца и ги образувале во високостручна средношколска институција, колевка на рударството и геологијата, во тогашна Југославија, Европа и светот. Но, покрај едукацијата, ги воспитале како свои деца, да бидат вредни, чесни, домаќини, семејни луѓе, нешто што не се учи од книга, но дава знаење, енергија и мотивација за цел живот. „Златната фаланга“ како генерација, за тоа се оддолжи со личен, стручен, деловен, семеен, животен, работен век и значаен придонес во македонското рударство, геологија и економија. Сега пензионери, но сеуште со истиот младешки елан и ентузијазам, славениците се присетија кои биле во средношколските денови, а кои се сега, како досега, така и натаму, си даваат и црпат енергија еден од друг и со нетрпение ја очекуваат следната средба, догодина.

Оваа сплотеност е пример, како треба да се чува другарството, човештината и да се создава подобар свет за себе и за другите. „Нека се ваквите средби за многу години македонци, каде и да сте“, – порачаа од „Златната фаланга“ во Пробиштип.

Адора

Поврзани вести

ПРЕД 10 ГОДИНИ ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ ЧИЈ КТИТОР Е ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

Пред десет години, на 14 јуни 2014, со голем црковно-народен собир беше осветен и свечено отворен православниот храм „Свети Јован Крстител“ во Општина Аеродром, кај

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ