НОВОСТИ

НОВОСТИ

СРЕЌНИТЕ КУПУВАЧИ НА АДОРА ИМАА ПРЕКРАСЕН ПРВОМАЈСКИ ВИКЕНД ВО РИМ-ПОДАРОК ОД КОМПАНИЈАТА

СРЕЌНИТЕ КУПУВАЧИ НА АДОРА ИМАА ПРЕКРАСЕН ПРВОМАЈСКИ ВИКЕНД ВО РИМ-ПОДАРОК ОД КОМПАНИЈАТА

Првомајскиот продолжен празничен викенд кој илјадници туристи од целиот свет донесе во Рим, долго ќе го паметат среќните купувачи на Адора, кои уживаа во убавините на вечниот град, со патување-подарок од компанијата. Група од 12 купувачи кои во овој градежен бренд нов дом избраа во февруари, по повод Денот на вљубените, беа наградени со незборавна посета на Рим, каде тие допатуваа со авион, на четиридневен престој во хотел, со водич од Македонија, обезбедено од Адора. Овие среќни купувачи, кои шетаа низ древнит град облеан со сонце, заедно со огромен број гости од сите меридијани, со себе понесоа прекрасни спомени од Колосеумот, Ватикан, плоштадот Венеција, расцветаните Шпански скали, фрлената паричка за среќа во Фонтана ди Треви и другите славни плоштади, фонтани, ресторани и улици, а пред сѐ од забавната дружба со пријателското семејство Адора и македонските туристи во Рим. Рим, градот каде водат сите патишта, познат по роматиката, музиката, убавата храна и вечната љубов, наградените купувачи на Адора ќе го сместат во убавите чувства со кои тие го оформуваат амбиентот во новиот дом, кој сигурно ќе биде во духот на слоганот на компанијата „Со Адора најмногу љубов и уживање на m²“. На досегашните купувачи на нов дом во Адора им честитаме на изборот, им благодариме на довербата и им посакуваме среќно домување, а идните купувачи ги потсетуваме дека Адора секогаш нуди повеќе од дом и за нив подготвува нови изненадувања и награди!

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ