Традиционална василичарска пита со паричка во Адора за среќна Православна Нова Година

Среќата на десетгодишнината од активното работење во Адора инженеринг, за Нина Кепеска од секторот за односи со јавност и маркетинг, беше крунисана со наоѓањето на паричката во василичарската пита. Колегите на новата кума Нина ù посакаа да ја служи среќа, да има добро здравје и успешна година, заедно со сите вработени во Адора Бизнис Групација. Во Адора има долгогодишна традиција за барање на паричката на Василица, кога вработените секоја година си посакуваат среќна Православна Нова Година, која според стариот, Јулијански календар, почнува денес на 14-ти јануари, на празникот посветен на Свети Василиј Велики.

Празникот Василица е еден од повеќето убави јануарски христијански празници, меѓу кои следат Богојавление-Водици и Свети Јован. За овие и сите други празници, како и во обичните денови, се отворени вратите и на православниот храм посветен на Свети Јован Крстител во Аердором, Скопје. Оваа црква е изградена и подарена од Адора инженеринг и семејството Чифлиганец на кејот на македонскиот Јордан, кај мостот Близнак на реката Вардар, до паркот со авион во Ново Лисиче, во знак на благодарност и внимание за довербата укажана од жителите во 1.500-те домови изградени од брендот Адора во 20-те висококвалитетни станбено-деловни објеки во скопската општина Аеродром.


Храмот Свети Јован Крстител е отворен за посета на сите верници и добронамерници, од Македонија и од светот, меѓу кои се и нашите пријатели од Србија, каде моментално го довршуваме пионерскиот иновативен проект 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora во срцето на прекрасниот планински туристички центар Златибор, еден од најпопуларните на Балканот.

Архива