Центарот за боречки спортови Работнички Адора со нови спортови, голем број натпреварувачи и многу освоени награди во 2022

Кик бокс клубот Работнички Адора годинава прерасна во Центар за боречки спортови Работнички Адора, со проширен состав на боречки спортови, голем број активни натпреварувачи во кик бокс, џудо, ММЕ ( мешани боречки вештини ),  рекреативна група за детска гимнастика и обуки боречки спортски вештини за самоодбрана, за што е воспоставена соработка со Воената академија во Скопје.

Потврда за успесите на борачите се бројните освоени златни, сребрени, бронзени медаљи во 2022 и високите пласмани постигнати на државните и меѓународните  првенства во кик бокс и џудо.

Предводникот на центарот Димитар Ѓорѓиев, 4-кратниот светски и европски првак во кик бокс, континуиран државен првак од 2009 до денес, носител на над 30 златни меѓународни медали, на 3-ти јуни годинава ќе се бори за освојување на појасот на европската професионална титула во кик бокс до 81,4 kg против борачот Никола Дробњак, во Зворник, БИХ.

Центарот за боречки спортови Работнички Адора формиран под покровителство на Адора Бизнис Групацијата во 2018 година, со ангажирање на многу спортски ентузијасти, прерасна во најдобар клуб во државата за професионални и аматерски тренинзи за развивање боречки вештини на околу 150 млади членови. Борачите постојано докажуваат дека спортот заслужува поддршка, за изградба на здрави млади генерации и за спортска афирмација на Македонија во светот.

Архива