НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ СЕ КОМПЛЕТИРА СО КРСТИЛНИЦА

ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ СЕ КОМПЛЕТИРА СО КРСТИЛНИЦА

Привршуваат градежните работи на крстилницата што се гради во црковниот комплекс Свети Јован Крстител, на кејот на реката Вардар во општина Аеродром, Скопје, донација на Адора инженеринг.

Крстилницата, што се подигнува во препознатливиот стил на црквата Свети Јован Крстител, согласно каноните на МПЦ и во постојана консултација со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, е со нето површина од 106 м² и има посебен дел за кршетавање, сувенирница и уште неколку придружни простории. По завршувањето на градежните работи и обработката на објектот со природен камен, ќе се изработи живописот на внатрешниот дел на крстилницата од страна на наши афирмирани автори на ѕидното  сликарство со пригодни содржини кои го симболизираат крштевањето, што има посебно значење за православните верници.

Со крстилницата се комплетира црковниот комплекс Свети Јован Крстител, како значаен духовен храм за православните верници, што ктиторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец со семејството, во 2014-та година го донираа во Општина Аеродром, Скопје, каде градежната компанија Адора инженеринг има најголеми инвестиции.

20161001_075852

20161001_080324

20161001_080218

 

Адора

Поврзани вести

ПРЕД 10 ГОДИНИ ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО АЕРОДРОМ ЧИЈ КТИТОР Е ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

Пред десет години, на 14 јуни 2014, со голем црковно-народен собир беше осветен и свечено отворен православниот храм „Свети Јован Крстител“ во Општина Аеродром, кај

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ