Проф. д-р Ванчо Чифлиганец му го честита милениумскиот јубилеј на Епископ Партениј, Игумен на Бигорсиот манастир. Во честитка меѓу другото се вели: „Ви упатувам искрени честитки по повод големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“, кој со своето милениумско постоење и убавина е значаен дел од светското културно наследство. Манастирот сведочи за 1000 годишно црковно живеење и е духовен светилник кој ги обединува луѓето. Ви посакувам да продолжете со својата благородна кауза, духовна и културна мисија, која ги надминува државните граници и ги обединува луѓето“. Со почит, проф. д-р Ванчо Чифлиганец со семејството.