Менаџментот и тимот на Адора инженеринг им го честитаат Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед, на раководството на Исламската верска заедница и на вработените во компанијата кои го слават овој голем муслимански празник. Нека Рамазан Бајрам, по светиот месец на постот, кај сите муслимани мине во семејна среќа, со добро здравје, хармонија, љубов, почит и меѓусебно пријателство, во духот на вистинските вредности и традиционално добриот соживот, што е од суштинска важност за напредокот на Македонија и за подобро општество.