Cestitka_8_mart

ЧЕСТИТКА ОД АДОРА ДО СИТЕ ДАМИ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА

Адора Бизнис Групацијата на своите вработени од понежниот пол, на сите соработнички, на сите дами кои својот дом го избрале од нашиот градежен бренд, на сите пријателки и дами во Македонија и во светот им го честита 8-ми Март, интернационалниот ден на жената.

Ѝ посакуваме среќен празник на секоја дама која го прави овој свет поубав и подобар, на секоја мајка, баба, жена, која безусловно ја дарува својата љубов, сила и енергија, секој ден за доброто на сите.

На празникот на дамите посакуваме поголема родова еднаквост и поголема застапеност на жените на сите скали во општеството, во бизнисот, политиката и другите сфери од животот, со што можеме овој свет да го направиме многу посреќен!
Историскиот датум кога за прв пат е одбележан 8-ми Март како празник датира од 1909 година, а ние порачуваме саовремените дами да го имаат 8-мо мартовското внимание секој ден во годината, зошти тие тоа го заслужуваат!

Симболично, како гест на внимание, благодарност и почит, годинава упатуваме 8-мо мартовска честитка на македонски, српски и англиски јазик, во знак на афирмација на одличната соработка на брендот Адора со блискиот српски народ и пријателска Србија, каде успешно го реализираме најновиот хотелско-резиденцијален комплекст 21st Century Residence, spa & wellness на Златибор и во духот на светската глобализација, како носечки движечки фактор за градење на подобра иднина за сите.

Архива