11 Oktomvri

ЧЕСТИТКА ОД АДОРА ЗА ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ-11 ОКТОМВРИ

Адора инженеринг упатува честитка по повод националниот празник 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, до државните, локални и други инстанци, своите вработени, клиенти, соработници и сите граѓани на Македонија.

Во годината кога одбележуваме значаен јубилеј, 80 години од почетокот на народноослободителната антифашистичка борба, која симболично започна со пукање на првата пушка на 11-ти октомври 1941-ва година во Прилеп и Куманово, им оддаваме почит и слава на сите борци кои се вградиле во темелите на македонската државност и слобода. Прославувајќи осум децении од датумот кога македонските борци за слобода застанаа на страната на антифашизмот, а Македонија си обезбеди достојно место на страната на праведноста и човечноста, на овој голем државен празник ја славиме пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и за создавање самостојна, суверена и независна држава. Овој идеал и стремеж на илјадници македонци, храбри борци, е наш аманет и идеал кој не води и денес кон креирањето на подобра сегашност, стабилна и економски напредна држава, како рамноправна членка на меѓународното семејство на народите и државите, со попросперитетна иднина за нас и за нашите поколенија.

Нека ни е честит и вековит националниот празник 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.

Архива