НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЧЕСТИТКА ОД АДОРА ЗА 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО

ЧЕСТИТКА ОД АДОРА ЗА 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА ВОСТАНИЕТО

На сите граѓани на Македонија, Адора им го честита Денот на народното востание на македонскиот народ, државниот празник 11 Октомври.

Годинава одбележуваме 81 година од почетокот на антифашистичката вооружена борба за ослободување на македонскиот народ и нашиот придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна. Денот, кога во 1941-вата година започнало народното востание во Прилеп и Куманово, важен меѓник во борбата за самобитност и самоствојност на македонскиот народ, е повод да им оддадеме почит и слава на сите борци кои се вградиле во слободата, независноста и сувереноста на македонската држава.

Овој голем и значаен историски ден е наша обврска и завет да продолжиме да ја градиме Македонија како самостојна, независна, правна и демократска држава и место за достоинствен, среќен и просперитетен живот на сите граѓани.

Нека ни е честит и вековит празникот 11 Октомври!

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ