Адора инженеринг на сите граѓани им го честита националниот празник 8-ми Септември, денот на незвисноста на Република Македонија. Потсетувајќи се на историскиот референдум на 8-ми септември 1991-ва година, кога граѓаните убедливо се изјаснија за сувереност, независност и самостојност на Македонија и на македонскиот народ, упатуваме порака за поголема сплотеност и заедничка посветеност на сите граѓани за чување на слободата и за изградба на посилна, економски постабилна и меѓународно призната и почитувана држава. Нека ни е за многу години празникот 8-ми Септември, за вековита и попросперитетна Македонија!