Честитка од Адора инженеринг, по повод националниот празник Илинден

Адора инженеринг им го честита националниот празник Илинден на сите граѓани на Македонија, вработени, купувачи и деловни партнери.

Одбележувајќи 113 години од Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ, им оддаваме почит на сите херои, борци и револуционери кои го вградија својот живот во темелите на слободна и независна Македонија. Големиот празник 2-ри август, Илинден е вечна инспирација и за нас, современите генерации македонци да изградиме економски моќна, стабилна, достоинствена и меѓународно почитувана држава, негувајќи ги историјата, културата и традициите на македонскиот народ и сите етникуми во Република Македонија.  

Cestitka za Ilinden 2016 od Adora inzenering

Архива