Честит Божиќ, празникот на Христовото раѓање

Адора Бизнис Групација на сите православни христијани кои го слават Божиќ според Јулијанскиот календар, им го честита големиот празник на раѓањето Христово.

Празнувањето го најавуваат предвесниците, малите весели коледарчиња кои ги посетуваат куќите во утринските часови на Бадник, 6-ти јануари, пеејќи коледарски песни, а од домаќините се дарувани со подароци. Вечерта на Бадник, на трпезите има посна храна, а најстариот член на семејството го крши кравајчето, питата или погачата со паричка, која се дели на сите во домот, се остава парче за Бога и куќата и оној што ќе ја најде паричката се смета дека ќе биде најсреќен и најуспешен во претстојната година. Овој обичај во одредени делови на Македонија се практикува на христијанскиот празник Василица, за Православната Нова Година.

Раѓањето на спасителот Исус Христос, православните верници во Македонија го слават на 7-ми јануари, честитајќи си го празникот со поздравот „Христос се роди. Навистина се роди“. По традиција, Божиќ се слави во кругот на семејството и најблиските, со богата трпеза и со најубави желби, за добро здравје, радост, хармонија, мир, хуманост, солидарност, помагање, просперитет и поубава,  посветла иднина, симболизирана со Исусовата ѕвезда. За многу години да ни е Божиќ, да ни донесе поубава, поздрава и посреќна иднина на сите славеници!

Архива