На сите православни христијани кои го слават еден од најголемите празници – Христовото раѓање, Адора Бизнис Групацијата им го честита Божик со желби тој да им донесе радост, мир, љубов и надеж во срцата.
На овој светол празник, кој ја симболизира бескрајната љубов и верба во чудата на новиот живот, на сите наши пријатели од православна вероисповед им посакуваме Божик да го минат сплотени со семејството во дом исполнет со здравје, хармонија, простување и празнична светлина.
Вербата, љубовта и надежта нека ни бидат нашите ѕвезди водилки во овој Божиќен ден, кон поубава и посреќна иднина.