Честит Денот на независноста – 8 Септември

На сите граѓани на Македонија, Адора Бизнис Групацијата им го честита празникот на независноста – 8 Септември.

На овој најголем национален празник славиме 31 година од раѓањето на државата по успешниот референдум за независност спроведен на 8 септември 1991 година и опстојувањето на самостојна, слободна и суверена македонска држава. Со почит и незаборав кон многуте генерации кои со својот труд, мисли, заложби и пожртвуваност се вградиле во независна Македонија, ние, сегашните генерации, единствени, силни и мудри, имаме аманет да ја сочуваме самостојноста и да изградиме попросперитетна држава со среќни граѓани, респектирана од меѓународната заедница.

Нека ни е за многу години 8 Септември, Деност на независноста на Македонија и македонскиот народ!

Архива