На 28-ми август 2002-ра година, на православниот празник Успение на Пресвета Богородица и Денот на рударите, докажаниот стопанственик и филантроп, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја основа Адора инженеринг, компанија со примарна дејност градежништво-висока градба. Празникот Голема Богородица е патрон-заштитник на компанијата, која годинава одбележува 20 годишен јубилеј од своето постоење, успешно делување во различни бизнис сфери, долга и богата хумана мисија со многубројни филантропски дела.
Во 20 години неуморна и посветена работа, со воведување пионерски, најсовремени решенија за сигурно, квалитетно и економично домување, овој градежен бренд има изградено 40 репрезентативни станбено-деловни објекти, подигнувајќи ги стандардите и границите на домашниот пазар на недвижности. За успесите на Адора сведочат 400-те илјади метри квадратни вкупно изградена површина на градби, во чија цврстина и стабилност се вградени 170 илјади m³ бетон и 18 илјади тони армирано железо. Во над 3.000 домови на Адора денес среќно живее и работи цел град со повеќе од 13 илјади жители.

Освен во високата градба, Адора инженеринг е присутна и во финансиско-банкарскиот сектор, каде таа е најголем поединечен сопственик со 14,99% од капиталот на Комерцијална Банка АД Скопје, има акционерски удели во други банки и фармацевтската индустрија, брендот е дел од енергетската дејност во Македонија, а присутен е и на пазарот на недвижноста во Србија и Грција.
Адора има долгогодишна корпоративна општествено одговорна традиција и заедно со Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, има вложено над 5 милиони евра за поддршка на заедницата и многу љубов за изградба на подобар, похуман и посреќен свет со еднакви можности за сите граѓани во Македонија и Србија.
Со благодарност до големото семејство Адора, до 500-тината вработени кои биле дел од компанијата, до сите купувачи, клиенти и соработници, соочена со сите предизвици и неизвесности на новото време, Адора Бизнис Групацијата најавува дека храбро и визионерски и натаму ќе го потврдува своето мото Само делата се вистина.
