НОВОСТИ

НОВОСТИ

КВАЛИТЕТНО И БРЗО СЕ ИЗВИШУВА АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

КВАЛИТЕТНО И БРЗО СЕ ИЗВИШУВА АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

Бетонирана е плочата над трети кат, на комплексот Адора Flatiron Скопје, во која се вградени 390 м3 бетон, со цврстина на бетон МБ 35 и 50 тони железна арматура. Стручниот и професионален градежен тим на Адора инженеринг, работи квалитетно и брзо според динамиката на предвидениот план и проект за изградба, под постојана контрола на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на овој градежен бренд. Новото препознатливо обележје во Скопје, кој ќе го донесе урбаниот дух на Њујорк, нема да претставува само квадратни метри, туку топол и среќен дом за повеќе генерации. Потврда за тоа е големиот интерес од страна на граѓаните кои за себе и своето семејство сакат да обезбедат квалитетна недвижност, иден дом со трајна вредност. Новоизградените станови ќе имаат прекрасен панорамски поглед на Скопје, луксузен ентериер од реномирани дизајнери, застаклен внатрешен двор со природна светлина-атриум, тараси со целосна приватност. Адора Flatiron Скопје, на купувачите им нуди богат избор на станови со површина од 31 до 268 м2, како и премиум “penthouse”  кои се градат според светските стандарди за енергетска ефикасност, асеизмичка стабилност, звучна изолација, со примена на современите иновации за квалитетен и пријатен живот. Со интензивните градителски активности, купувачите  во рекорден рок ќе се вселат во нов, стабилен и атрактивен дом.

ATT_1445931990411_IMG_20151026_155002

IMG_20151026_155008

P1050244

DCIM101GOPROGOPR1773.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ