НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ – РОДОВО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА ВО 2016

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ – РОДОВО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА ВО 2016

Адора инженеринг е прогласена за родово одговорна компанија во 2016-та година што исплаќа родово еднаква плата, од страна на Finance Think, Институтот за економски истражувања и политики во Скопје на економскиот форум што се одржа на тема: „Родово еднакви плати за поголем економски раст“. Организаторите на форумот потенцираа дека особено радува фактот што во компанија која се занимава со градежништво, што сеуште е стереотип за машки бизнис, воопшто нема родов јаз во платите. Извршната директорка на Адора инженеринг д-р Драгана Чифлиганец порача дека ова признание треба да биде поттик и охрабрување и за другите компании да ја зголемуваат социјалната одговорност и родовата еднаквост во работата и да учествуваат во истражувања на оваа тематика.

Адора инженеринг како општествено одговорна компанија, ја негува родовата еднаквост од повеќе аспекти: преку еднакви можностите за професионален напредок во кариерата и раководните позиции кои носат поголеми одговорности, но и бенефиции, како што е и вреднувањето преку платата, а половата еднаквост и недискриминацијата е и еден од основните принципи на Глобалниот Договор на ООН, најголемата општествено одговорна асоцијација во светот, чија членка е Адора инженеринг. На економскиот форум во Скопје, се дискутираше за конкретни решенијата за намалување на родовиот јаз во платите во Македонија, со еднакви плати за мажите и жените и за надминување на поделбата на машки и женски професии, а промовирани беа Прирачникот за пресметка на правична плата, веб платформата edplako.mk и компаниите кои во исплаќаат родово еднаква плата во Македонија, меѓу кои е Адора инженеринг.

2

1

finance-think

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ