НОВОСТИ

НОВОСТИ

Адора инженеринг со две национални награди за најдобри ООП во 2014 за заштита на животната средина и вложување во заедницата

Адора инженеринг со две национални награди за најдобри ООП во 2014 за заштита на животната средина и вложување во заедницата

Градежната компанија Адора инженеринг доби две национални признанија на денешното доделување на наградите за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2014-та година на 8-та манифестација што се одржа во Скопје во организација на Министерството за економија и националното Координативното тело за општествена одговорност. Компанијата-градежен лидер во Македонија, наградена е со две признанија за долгорочните проекти: „Вложуваме во општините за доброто на граѓаните“ – Духовен храм православна црква Свети Јован Крстител и „Заедно градиме поздрава иднина“-Енергетски ефикасни домови А-класа, во категориите Вложување во заедницата и Заштита на животната средина кај малите и средни претпријатија. Наградите, доделени во конкуренција на 34 претпријатија и 50 проекти, за Адора инженеринг се потврда дека е на вистинскиот пат во намерата да помогне во изградба на похумано, поздраво и посреќно општество со еднакви можности за сите граѓани, како и одговорност и стимул да продолжи со унапредување на општествено одговорните проекти во иднина.

„Со изградбата на енергетски ефикасни домови како пионери во Македонија, започнавме пет години пред донесувањето на законската регулатива за енергетска ефикасност, први ги изградивме станбените објекти со енергетска ефикасност и сертификат А-класа, кои секоја година ги усовршуваме со нови технолошки решенија, со енергетска и звучна изолација според европските стандарди, што далеку ги надминува македонските прописи. Од нашите еко домови, за кои досега имаме добиено пет национални признанија, најголема придобивка имаат станарите со големите заштеди во потрошувачката на електрична енергија и пари за греење и ладење, со што во голема мера се заштитува и животната средина“. – порача Душко Чифлиганец, заменик генерален директор во Адора инженеринг.

„Адора инженеринг како општествена одговорна компанија со богата традиција, досега има добиено четири награди за вложување во заедницата, оставајќи вредни дела во сите општини каде гради објекти. Со духовниот храм Свети Јован Крстител во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје, каде имаме најголеми инвестиции и Спомен обележјето за Водици во Охрид, што е една од најфотографираните атракции во градот на УНЕСКО, подигнати во 2014-та година, сакавме да им возвратиме за довербата на купувачите со нови содржини за поквалитетен живот на сегашните и идните генерации“, порача д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор во Адора инженеринг.

Компанијата, членка на Глобалниот Договор на ООН, која досега има добиено 11 национални награди за најдобри ООП, сега и преку фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, постојано ги поддржува своите вработени, купувачите, студентите, ранливите категории граѓани, спортот, науката, културата и заедницата во целина.

PFZ_9737

PFZ_9694

DSCN0619

20151021_122630

PFZ_9742

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ