Адора инженеринг во пресрет на новогодишните празници, по повод 15 годишниот јубилеј на компанијата, нуди ексклузивна можност за купување дом во објектите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden, со субвенционирана камата и екстра поволни услови, единствено во декември годинава. Со оваа специјална акција, субвенционираната каматна стапка е 3,5 отсто фиксна годишна во првите три години на отплата на станбениот кредит, 4,5 отсто фиксна годишна во четвртата и петата година и 5,5 отсто во останатиот период на отплата, без трошоци за проценка и без други манипулативни трошоци. Купувањето дом е една од најважните инвестиции во животот, а декември е еден од најубавите месеци за ваква одлука. Со специјалната, уникатна понуда на Адора инженеринг, изберете дом според Вашите желби, потреби и можности. Изберете квалитетен, сеизмички стабилен, енергетски ефикасен, модерен дом со звучна изолација над 63 db, за прв пат во Македонија во Адора Flatiron во централната зона на Скопје, изберете зелено домување по светскиот тренд, за прв пат во Адора Diamond Garden, во скопски Карпош. Со специјалната субвенционирана камата од Адора инженеринг, купувањето недвижност станува подостапно за секој граѓанин. Заинтересираните граѓани за оваа специјална декемвриска понуда нека побрзаат, нека се информираат и консултираат во Адора инженеринг, за полесно и побрзо завршување на постапката за одобрување на станбениот кредит со субвенционираната камата и екстра поволните услови.