НОВОСТИ

НОВОСТИ

НАГРАДНАТА ИГРА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ „КУПЕТЕ СТАН, ОСВОЈТЕ ШКОЛУВАЊЕ“ ТРАЕ ДО 17 МАРТ 2016

НАГРАДНАТА ИГРА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ „КУПЕТЕ СТАН, ОСВОЈТЕ ШКОЛУВАЊЕ“ ТРАЕ ДО 17 МАРТ 2016

Заинтересираните граѓани за купување квалитетна недвижност во докажаниот градежен бренд Адора инженеринг, имаат можност за освојување на вредната награда целосно бесплатно школување на Универзитетот Американ колеџ, до 17-ти март годинава, до кога траат саемските промоции. Во овој рок сите купувачи на стан или деловен простор во објектите на Адора инженеринг: атрактивниот Адора Flatiron Скопје, комплексот Аеродром и најновиот Адора Diamond Garden, се стекнуваат со можност да бидат извлечени на свеченоста на 17-ти март, каде еден најсреќен купувач ќе ја добие наградата целосно додипломско или последипломско школување на Универзитетот Американ колеџ Скопје. Со доделувањето на бесплатно универзитетско школување на Американ колеџ на најсреќниот купувач на недвижен имот во Адора инженеринг, компанијата ја продолжува традицијата да им понуди многу повеќе од дом на своите купувачи, за кои секогаш приредува специјални изненадувања, внимание и вредни подароци за среќно домување. ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА „КУПЕТЕ СТАН, ОСВОЈТЕ ШКОЛУВАЊЕ“

  • Учесници во наградната игра се сите купувачи на стан и деловен простор во објектите на Адора инженеринг, кои од 3 до 17 март 2016 година ќе склучат преддоговор за купопродажба на недвижен имот и ќе уплатат 10 % од вкупната договорена цена, а остатокот ќе го уплатат во целост најдоцна 60 дена по потпишување на преддоговорот за купопродажба на недвижност.
  • Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица кои се, како и лицата кои не се државјани на Република Македонија, кои склучиле преддоговор за купопродажба на недвижен имот во објектите на Адора инженеринг во времетраењето на наградната игра. Право на учество немаат вработените во фирмата на организаторот и лицата директно вклучени во приредувањето и организирањето на наградната игра, во обезбедувањето на наградите и членовите на нивните потесни семејства ( родители, деца, браќа, сестри и сопружниците ).
  • Извлекувањето на наградата ќе биде на 17 март 2016 година во 12 часот во просториите на Универзитетот Американ колеџ Скопје, на ул. 3-та Македонска бригада бр. 60, Скопје. Добитникот на наградата ќе биде извлечен по случаен пат, рачно од стаклен сад, со контрола од комисија со три члена составена од нотар и двајца надворешни членови.
  • Наградата ќе биде врачена во форма на ваучер и се однесува на школувањето на додипломски студии на учебните години: септември 2016/2017; 2017/2018 и 2018/2019; а за школувањето на последипломските студии во учебните години: септември 2016/2017 и 2017/2018 година.
  • Добитникот на наградата може неа да ја пренесе на своите потомци од прв и втор наследен ред ( син, ќерка, внук и внука ), а само доколку нема наследници од прв и втор наследен ред, или доколку тие не ја прифаќаат наградата, добитникот неа може да ја пренесе на некое трето лице по сопствена воља.
  • Наградата ќе може да се подигне во рок од 60 дена од денот на објавувањето на резултатите во просториите на Адора инженеринг на ул. Орце Николов бр. 182 А, Скопје.
  • Вредноста на наградата не може да биде заменета во парична противвредност.
  • Учесниците во наградната игра прифаќаат во случај на добивање на наградата, организаторот да ги објави нивните доставени податоци и фотографии во печатен, звучен, визуелен или видео материјал, без надоместок и со претходна изјава и согласност на добитникот да ги користи за рекламни цели доколку е потребно, временски и просторно неограничено.
  • Учесникот во наградната игра има право на приговор во рок од три дена од денот на објавувањето на резултатите, за што комисијата ќе одлучува во рок од два дена по приемот на приговорот.
  • Резултатите од извлекувањето ќе бидат објавени во рок од три дена од денот на извлекувањето на интернет страниците: adora.com.mk , www.adoraflatiron.mk и www.facebook.com/adora.inzenering

stan+shkoluvanje_FBad

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ