НОВОСТИ

НОВОСТИ

АИДА ЧКАЛЕСКА-КОСТОВА КУПУВАЧ НА СТАН ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТНО ШКОЛУВАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ ВО НАГРАДНАТА ИГРА „КУПЕТЕ СТАН, ОСВОЈТЕ ШКОЛУВАЊЕ“

АИДА ЧКАЛЕСКА-КОСТОВА КУПУВАЧ НА СТАН ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТНО ШКОЛУВАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ ВО НАГРАДНАТА ИГРА „КУПЕТЕ СТАН, ОСВОЈТЕ ШКОЛУВАЊЕ“

Аида Чкалеска-Костова, купувач на стан од Адора инженеринг е добитник на вредната награда целосно бесплатно школување на Универзитетот Американ Колеџ Скопје во наградната игра „Купете стан, освојте школување“ што градежниот бренд ја организира за купувачите на станови и деловни простории во март по повод Саемот на недвижности RealExpo 2016 во Скопје. По јавното извлекување во Американ Колеџ, семејството Костови, видно возбудени и изненадени изјавија дека оваа прва награда што ја добиваат во животот е повеќе од добредојдена и ќе ја искористи синот Филип, кој по завршување на средното образование со ваучерот за додипломско образование ќе се запише на еден од факултетите на Американ Колеџ. „Целта на овој благороден проект, што го реализираме во соработка со Американ Колеџ е заедно да изградиме похумано, поздраво и посреќно општество со еднакви можности за сите граѓани. Традицијата на општествено одговорна компанија е дел од корпоративниот идентитет на Адора инженеринг, која успехот како најголем инвеститор во високоградбата и изградените 2.600 домови досега, години наназад го дели со заедницата и граѓаните. Наградата целосно бесплатно додипломско или последипломско школување на Американ Колеџ е уште една потврда дека градежниот бренд Адора инженеринг секогаш на своите купувачи им нуди повеќе од сигурен, квалитетен и економичен дом, возвраќајќи им за довербата и лојалноста со изненадувања и награди, како што е обезбедената едукација за посреќна иднина на купувачите и нивните семејства, а со тоа и за попросперитетна иднина на Македонија“.- порача на извлекувањето на наградата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, кој изрази надеж дека нивниот пример на успешно партнерство со Американ Колеџ, ќе го следат и други субјети во Македонија. „Со подадената рака кон униврзитетот и пред сè кон идните студенти, како хуман гест и алтруистички потег, Адора инженеринг праќа порака до заедницата дека својот бизнис успех може и сака да го сподели со другите, за што потврда е примената на високите градежни стандарди во објектите кои ги гради во однос на енергетската ефикаснот како глобален тренд во архитектурата и градежништвото и стипендирањето на купувач на стан за школување на Универзитетот Американ Колеџ. Потврда за општествената одговорност е залагањето на компанијата за високите стандарди како во градежништвото, така и во високото образование“.-порача во своето обраќање проф. д-р Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн на Американ Колеџ, што со поддршка на Адора инженеринг ја организира Меѓународната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид за изградба на квалитетни и образовани кадри во Македонија. Адора инженеринг и фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и во иднина продолжуваат со реализација на проекти за поддршка на образованието, науката, спортот, културата и хуманите активности од интерес на граѓаните и заедницата. DSCN0657 DSCN0664 DSCN0675 DSCN0701 DSCN0719

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ