НОВОСТИ

НОВОСТИ

ВРАБОТЕНИТЕ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА БРЕНДОТ GIACOMINI ВО ИТАЛИЈА И САЕМОТ EXPO 2015 ВО МИЛАНО

ВРАБОТЕНИТЕ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА БРЕНДОТ GIACOMINI ВО ИТАЛИЈА И САЕМОТ EXPO 2015 ВО МИЛАНО

Спасе Стојанов, раководител на материјално и комерцијално работење во Адора инженеринг и машинскиот инженер Илија Илиев, раководител на секторот за водовод и греење, на крајот на мај беа во стручна посета на познатиот глобален бренд Giacomini, во близина на италијанскиот град Сан Маурицио, а го посетија и универзалниот саем Expo 2015 во Милано. Престојот во Giacomini, фабриката со асортиман од 6.000 производи за подно и таванско греење и ладење, системи за топлинска енергија и регулации за вода и гас, беше во организација на компанијата Термо Систем од Скопје, со која успешно соработува Адора инженеринг. Вработените во Адора инженеринг со претставниците на други градежните компании од Македонија, имаа можност непосредно да се запознаат со современиот автоматизиран начин на производство во фабриката Giakomini, чии производи се извезуваат во повеќе од сто земји во светот, меѓу кои е и Македонија, каде најновите технолошки решенија за греење, ладење и водовод, се вградуваат во станбено-деловните објекти на Адора инженеринг. На меѓународната саемска изложба Expo 2015 во Милано, Италија, што со излагачи од 145 држави, во шест месеци очекува 20 милиони посетители, стручните кадри на Адора инженеринг имаа можност да ги видат најновите производи, услуги, технологии, иновации и трендови во градежниот и другите сектори, кои нудат современ дом за квалитетно живеење според европските стандарди, што е приоритетна заложба на Адора инженеринг. DSC06736 DSC06740 DSC06676 DSC06681

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ