НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЗАВРШЕНА АРМИРАНО-БЕТОНСКАТА КОНСТРУКЦИЈА НА ХОТЕЛСКО-РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИОТ КОМПЛЕКС „21st Century by ADORA” НА ЗЛАТИБОР

ЗАВРШЕНА АРМИРАНО-БЕТОНСКАТА КОНСТРУКЦИЈА НА ХОТЕЛСКО-РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИОТ КОМПЛЕКС „21st Century by ADORA” НА ЗЛАТИБОР

Осум месеци по почетокот на градежните работи, завршена е армирано-бетонската конструкција на комплексот „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness” што на Златибор ја гради Adora Living Solutions, компанијата која во Србија го претставува интернационално реномираниот македонски бренд Adora Business Group. Градежниот тим ангажиран на терен, деновиве ја заврши последната армирано-бетонска плоча на објектот, поставена е кровната плоча, а во 50 % од површината на комплексот се завршени ѕидарските работи. Работите на објектот „21st Century Zlatibor by Adora” се одвиваат со полна пареа, започната е монтажата на фасадната столарија, а се работи и на воведување на електрична, водоводна и канализациска инсталација. Следна фаза која се планира наскоро да започне, се работите на фасадата на комплексот.   Иновативниот комплекс „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness” кој брендот Адора го гради на атрактивна локација во срцето на Златибор, има 103 модерни апартмани и 5 брендирани ексклузивни penthous-и со најубав поглед на околните планински врвови. Објектот има совршено осмислени содржини, како современо опремен Spa & Wellness центар, пливачки базен, теретана, ресторан, кафетерија, унифициран дизајн на ентериерот по избор на сопствениците и заеднички убаво уреден двор со забавен детски парк од 600 m². Во изведбата на „21st Century Zlatibor” брендот Адора го вгради 20 годишното искуство како лидер во високата градба во Македонија и предводник во воведувањето на најновите светски стандарди, технологии и иновации за поквалитетно домување, надградено со најсовремениот Building information modeling (BIM) кој е во чекор сонајновите трендови и методологии на градба. Сите детални информации и визуелни претстави за концептот, содржините, квалитетот, стабилноста, микро локацијата, добивањето кредит и за профитабилноста на моделот кој со обезбедено одржување и управување на комплексот, преку рентирање на апартманите, на сопствениците им ги враќа вложените пари, дознајте ги со внимателно гледање на видеото за најновиот комплекс на Златибор „21st Century Zlatibor by Adora” на следниот линк: Видео

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ