НОВОСТИ

НОВОСТИ

ИЗБРАНИ СТИПЕНДИСТИТЕ НА ПРВАТА СЕРТИФИЦИРАНА АКАДЕМИЈА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

ИЗБРАНИ СТИПЕНДИСТИТЕ НА ПРВАТА СЕРТИФИЦИРАНА АКАДЕМИЈА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Националната асоцијација на престижни академски граѓани НАПАГ ги избра  стипендистите на првата сертифицирана академија Academy Adora Inzenering, што ги доделува фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Преку академијата што ќе трае три месеци, се поддржува работата и се поттикнува развојот на најуспешните и најталентираните студенти во Република Македонија од различни области на науката. Филип Илиевски од Фармацевтскиот факултет, Марина Србиноска од Медицинскиот факултет, Катерина Шарламанова и Сања Карова од Градежниот факултет, Небојша Јовановски и Олгица Грујоска од Архитектонскиот факултет, Елена Димитриевска и Елена Гагачева од Економскиот факултет, Кристина Мишевска од Филолошкиот факултет и Христина Лазаревска од Филозофскиот факултет, сите при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, се студенти кои со високиот просек и покажаните резултати во образованието, ангажманите надвор од студиите и работните референции, се здобија со стипендии за академијата Адора инженеринг. Како  дел од кампањата „Креатор на сонот“, низ оваа сертифицирана академија, студентите ќе се стекнат со практични искуства и вештини за креативно и иновативно претприемништво, потребни за личен, професионален развој и кариера на талентираните и успешни студенти, што ќе се реализира во соработка на Адора инженеринг, фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и НАПАГ, со цел да се унапреди образованието на младите луѓе, како носители на развојот на општеството и градењето на подобра и попросперитетна иднина на Македонија.   Logo stipendii

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ