НОВОСТИ

НОВОСТИ

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА КАДЕ АДОРА Е НАЈГОЛЕМ ПОЕДИНЕЧЕН АКЦИОНЕР СО ОДЛИЧЕН ТРИ-КВАРТАЛЕН РЕЗУЛТАТ ВО 2022 И НАЈВИСОК РАНГ ОД МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ НА ТОП 100 НАЈГОЛЕМИ БАНКИ ВО ЈИ ЕВРОПА

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА КАДЕ АДОРА Е НАЈГОЛЕМ ПОЕДИНЕЧЕН АКЦИОНЕР СО ОДЛИЧЕН ТРИ-КВАРТАЛЕН РЕЗУЛТАТ ВО 2022 И НАЈВИСОК РАНГ ОД МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ НА ТОП 100 НАЈГОЛЕМИ БАНКИ ВО ЈИ ЕВРОПА

Од почетокот на годинава до крајот на септември, Комерцијална банка АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат од 1.850,8 милиони денари (30 милиони евра), што споредено со резултатот во истиот период минатата година, претставува зголемување на добивката од 36,6 %. Планираната бруто-добивка за трите квартали од годинава е остварена со 105 %.

Позитивниот резултат во работењето КБ го оствари во услови на сеуште присутни ризици поврзани со Ковид-19 пандемијата, зголемена инфлација која поттикнува затегнување на монетарната политика, енергетска криза и воениот конфликт меѓу Русија и Украина, кои имаат изразено неповолни ефекти врз глобалната економија. Оваа позитивна вест за македонската инвеститорска заедница, доаѓа од најголемата банка во Македонија, каде Адора инженеринг со акционерски удел од 14,99 % е најголемиот поединечен сопственик, а генералниот директор на компанијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец е член на Надзорниот Одбор на банката.

Комерцијална банка забележа уште еден интернационален успех. Таа е најдобро рангирана банка од Македонија на ранг-листата SEE TOP 100 најголеми банки во Југоисточна Европа, објавена од порталот SeeNews.com. Во конкуренција на пет банки од земјава, Комерцијална банка го зазеде првото место според вкупната актива на 31 декември 2021 година, а во конкуренција на над 260 банки во Југоисточна Европа е рангирана на 42 место, што претставува едно место погоре во однос на претходното рангирање.

Во очекување да биде одржана макроекономската стабилност во Македонија преку одржување на ценовната стабилност и стабилноста на номиналниот девизен курс на денарот во однос на еврото, од Комерцијална банка најавуваат дека ќе ги преземат сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби. И во следниот период менаџментот на банката ќе биде фокусиран пред сè на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање флексибилни решенија за барањата на клиентите, ефикасно управување со зголемените трошоци, натамошна дигитализација на процесите и модернизација на деловната мрежа.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ