НОВОСТИ

НОВОСТИ

ПОСВЕТЕНА РАБОТА, ГРИЖА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ И ФИЛАНТРОПИЈА – ФОКУС ВО СЕМЕЈНИОТ БИЗНИС НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

ПОСВЕТЕНА РАБОТА, ГРИЖА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ И ФИЛАНТРОПИЈА – ФОКУС ВО СЕМЕЈНИОТ БИЗНИС НА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

За предизвиците во семејните бизниси на самитот Македонија 2025 говореше д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршна директорка на Адора инженеринг.

„Посветена работа, грижа за вработените и филантропија, се најважните нешта што мојот татко и шеф ми ги пренесе во наследство, како фокус во работењето. Со оглед дека семејството е пред сè, не е едноставно да се докажуваш во семејниот бизнис, да балансираш и да бидеш успешен во предизвиците кои изобилуваат со сензитивност, некогаш меѓу два огна да го најдеш најдоброто решение и сите да бидат задоволни“, вака д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршна директорка на градежната компанија Адора инженеринг го објаснуваше патот низ кој таа 13 години успешно чекори во семејниот бизнис, тема на која со панелисти од земјата и регионот, таа дебатираше на самитот Македонија 2025, кој се одржа во Скопје.
„Вработените, нивната постојана едукација и усовршување, мотивирање и наградување, се од најголема важност за успешна работа на секоја компанија, каде тимот треба да функционира како едно семејство со иста визија и вредности“, вели Драгана Чифлиганец, потенцирајќи дека таткото, докажаниот бизнисмен и стопанстеник проф. д-р Ванчо Чифлиганец, тоа длабоко им го всадил нејзе и на нејзиниот брат, како императив во работењето, проширувајќи ги вложувањата, во спортот, културата и општеството со околу 5 милиони евра и многу љубов за изградба на подобар, похуман и порамноправен свет.
Зборувајќи за генерациските судири во семејниот бизнис, Драгана Д. Чифлиганец, докажан поборник за воведување нови, пионерски решенија, како ИСО стандардите, енергетски ефикасните домови и континуираната грижа за клиентите, потенцира дека во зацврстување на нејзината позиција во компанијата најважни биле упорноста и доследноста, успешно реализираните проекти, дипломатските вештини, незаземање страна, користњето на „џокерите“ како ќерка и вработена во вистинско време и пред сè, задоволството на клиентите, како најрелевантен критериум.
Самитот Македонија 2025 што по осми пат се одржа во Скопје, со околу 400 домашни и странски учесници од областа на бизнисот, претприемништовото, лидерствотото, иновациите, технологиите и борбата против загадувањето, се стреми нашата држава да биде рамноправна со европските, за што секој поединец може да даде личен придонес во изградба на подобар стандард и подобро општество.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ