Децата на станарите во објектот Аеродром Црква 2 на Адора иженеринг кои денес го имаа првиот ден во училишните клупи, од менаџментот на градежната компанија добија пригодни подароци- школски прибор со искрени желби за среќен почеток на учебната година и успешно школување. Најмладите вработени во Адора, Елисавета и Ангела, ги посетија учениците од прво до деветто одделение во нивните домови и ги изненадија со подароци со што им го разубавија првиот школски ден и предизвикаа многу насмевки и весели емоции. Традиционалното одбележување на важни настани, датуми и поводи за станарите е традиција во Адора инженеринг во рамките на општествената одговорност и грижата за купувачите низ различни активности. Нудејќи им на купувачите секогаш повеќе од дом, Адора инженеринг им возвраќа за дадената доверба со цел да придонесе за поквалитетно домување и посреќен живот.